Скубе се врати на местото на успехот: Убаво е да се биде повторно во Скопје (ФОТО)

Ракометарот кој беше дел од големиот успех на тимот на Вардар во 2019 година, Сташ Скубе денеска е одново во главниот град на Македонија и во салата каде што доживеа многу овации.

Тој денеска ќе игра против Вардар со своите колеги од Мешков Брест така што ќе има можност одново да настапи во СЦ „Јане Сандански“. Сепак, овој пат нема публика на трибините и нема да може да добие поздрав каков што обично добиваат оние кои се враќаат во салата во дрес на друга екипа.

Колку Скопје му има оставено впечаток и колку е приврзан може да се види од фотографијата која ја објави на неговиот профил на Инстаграм.

Покрај фотографијата напиша: „Убаво е да се вратам во Скопје“, но за жал дојден е како противник. Сепак, она што го направи за Вардар и игрите кои ги прикажуваше никогаш нема да бидат заборавени.