Скубе позираше во дресот на новиот клуб, а потоа го прошетаа низ Брест (ФОТО/ВИДЕО)

Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе од 1 јули веќе е во Брест и ги започна тренинзи со новиот клуб.

Тој позираше во дресот на новиот клуб, а потоа заедно со тројцата нови ракометари го запознаа нивното ново место на живеење.

Покрај Скубе, нови играчи во Мешков Брест се левиот бек Дмитри Санталов, десниот бек Павел Пачковски и пикерот Владимир Врањеш.

Белорускиот тим ќе биде еден од ривалите на Вардар во новата сезона од Лигата на шампионите.