Скубе: Парите никогаш не играат главна улога кај мене

Словенечкиот плејмејкер Сташ Скубе, од следното лето ќе биде ракометар на полскиот шампион Келце.

Некогашниот вардарец кој потпиша соработка на три сезони со Келце, вели дека парите не играле главна улога, бидејќи имал и подобри финансиски понуди.

„Таму имал одличен проект. Сакам уште еден или два пати да играм на Ф4 во Лигата на шампионите. Јас имав понуда само од Мешков Брест и од Келце. Иако таа од Полска беше пониска, сепак парите за мене не играат главна улога, поважни се спортските амбиции. Во Полска можев да заминам во 2019 година, но тогаш се наоѓав во сложена ситуација и се решив за друга варијанта. Тогаш донесов правилно решение, а се надевам и сега исто така“, вели Скубе во интервјуто за „Брз Центар“.

Тој беше дел од Тримо Требње, Горење Велење, пред да замине во унгарскиот ПИК Сегед, од каде што дојде во Вардар и освои титула во Лигата на шампионите.