Скубе: Без разлика дали сезоната ќе продолжи, во јули јас сум во Брест

Ракометарот кој на почетокот на оваа недела одлучи да го напушти Вардар и да се пресели во редовите на Мешков Брест, Сташ Скубе и понатаму е во центарот на вниманието со своите коментари.

На едно интересно прашање кое секако е интересно и за Вардар, а поврзано што ќе се случи ако сезоната биде продолжена и бидат играни средби од Лигата на шампионите, Скубе со одговор дека планира после 1 јули да биде веќе во Белорусија.

„Не знам што и како ќе се случува со сезоната во Лигата на шампионите. Сепак, мојот договор со Мешков Брест стартува на 1 јули и ова значи дека во овој месец јас ќе бидат во Брест“, вели Скубе.

Тој коментира и околу тоа кога би требало да се одиграат натпреварите од оваа сезона кои останаа во Лигата на шампионите.

„Не гледам смисол за играње на натпревари. Можеби единствениот излез е да се игра осминафинале и четврт-финале и веднаш потоа Ф4 за сезоната да заврши до 1 јули“, изјави ракометарот од Словенија кој одлучи да го напушти Вардар.

Скубе на почетокот на оваа недела објави дека си заминува, а веќе следниот ден и дека потпишал за Мешков Брест со што само продолжи заминувањето на ракометарите од шампионскиот тим од 2019 година.