Скромни изданија на Пешевски и Кузмановски, Штутгарт и Хановер со порази

Македонските репрезентативци Жарко Пешевски и Филип Кузмановски кои нaстапуваат во Бундес лигата, во 22. коло доживеаја порази со своите екипи.

Штутгарт на Пешевски на гостувањето кај претпоследно пласираната екипа Есен забележа неочекуван и висок пораз од 20:27. Репрезентативниот пикер и колегите одиграа многу лош натпревар, по првиот дел имаа негатива од пет гола, 9:14.

Лошата игра продолжи и во вториот дел, во еден момент имаа и двоцифрено заостанување за конечен висок пораз и прекинување на победничката серија. Жарко Пешевски постигна два гола од три удари. Во следното коло Штутгарт ќе го пречека Магдебург.

Хановер и Кузмановски беа поразени по единаесетти пат сезонава и остануваат во долниот дел на табелата откако загубија на гостувањето кај Гепинген со 24:31. На полувреме беше 16:13 за домашниот тим.

На почетокот на вториот дел Гепинген стигна до десет позитива и го реши победникот на овој дуел. Филип Кузмановски постигна еден погодок на натпреварот. Во следното коло шанса за поправен и прекинување на серијата порази Хановер ќе бара против Лудвигсхафен.