Скандалот во Русија добива огромни размери – На местачите им се заканува затворска казна

Новиот скандал кој го тресе спортот во Русија донесе суспензија за осуммина репрезентативци на оваа земја во кадетска конкуренција кои наместиле натпревар на Европското првенство за играчи до 19 години кое се одржа во Хрвтска.

Имињата на ракометарите беа објавени вчера, а станува збор за Дмитри Кандубин, Александер Морозов, Никита Гогољев, Димитри Фролов, Данил Дмитриев, Максим Најдунов, максим Јермолин и Георги Кириленко.

Сите ја признале вината после тестот на полиграф, а до конечната пресуда за овој случај не смеат да играат за своите клубови во првенството на Русија.

Русите на Европското првенство ги загубија трите натпревари во групата од првата фаза. Потоа имаше уште четири средби за разигрување. Нема конкретна информација кој натпревар е сомнителен, но се зборува дека се работи за дуелот против Австрија кој Русите го загубија со 19:36.

Сомнителноста е во што овие две селекции играа уште еден натпревар на првенството и тоа во битката за 16. место кој Русите го добија со 31:24.

„Доказите до кои дојдовме ме рзбеснија. Рацете ми се отсекога кога ги видов, а истовреме сум длабоко разочаран во нашите млади ракометари. Ова е страшно предавство“, вели претседател на Ракометниот сојуз на Русија, Сергеј Шишкарев.

Доколку сето ова биде докажано и на судот во Русија, законот вели дека ракометарите можат да добијат и до седум години затвор. Она што веќе јасно е дека нивните ракометни кариери се веќе завршени.