Си замина од европскиот првак за да игра во Втора лига

Поранешната унгарска репрезентативка Бернадет Боди, по 13 сезони си замина од европскиот првак Ѓер.

Иако имаше договор на уште една година, сепак десното крило побара раскин и веднаш најде нов клуб – второлигашот Будаорс.

34-годишната ракометарка со Будаорс потпиша договор на три сезони и ќе се обиде да му помогне на тимот да се пласира во елитата.

Боди освои четири европски титули со Ѓер, а таму играше вкупно 13 сезони во два наврати. Настапуваше и за Сегед, Орошази, данскиот Рандерс, Бекешчаба, Шиофок и Дунајварош.