Си замина еден голман, доаѓа друг: Битолчани потпишаа со Мартон Секељ (ФОТО)

Најавите на 24Ракомет за трансфер на голманот од Унгарија, Мартон Секељ во редовите на Еурофарм Пелистер денеска беа потврдени откако беше објавено потпишување на договорот со клубот и тој ќе биде дел од екипата во новата сезона.

Станува збор за голман кој минатата сезона ја заврши како партнер на Никола Митревски на голот на Порто. Овој 31-годишен голман потекнува од составот на Малев, беше дел од тимот на Плер, две сезони бранеше за Балатонфуреди, една за Чурго и три за Татабања, пред да потпише за Веспрем. Има настапи и за националниот тим на Унгарија така што доаѓа со убаво искуство зад себе во Еурофарм Пелистер.

„Сакам да му се заблагодарам на Карим Хендави за професионалноста во периодот минат во нашиот клуб. Неговата желба беше останување во Битола и почитување на договорот и единствена грижа му беше недостатокот на едукација за неговите деца во нашиот град. Гигантот од Египет, Замалек ја плати високата откупна клаузула и моравме веднаш да реагираме. Со ангажманот на Мартон Секељ доведовме искусен голман, репрезентативец и верувам дека ќе бидеме компетитивни на голманската позиција“, вели спортскиот директор на Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски.

Во новата сезона голманскиот тандем на Еурофарм Пелистер ќе го сочинуваат Мартон Секељи и Марко Кизиќ така што тимот ќе има два квалитетни голмани.

Ново засилување за Еурофарм Пелистер – доаѓа екс голман на Веспрем и Порто!

Еурофарм Пелистер остана без Хендави, си заминува после една полусезона