Еурофарм Пелистер остана без Хендави, си заминува после една полусезона

Репрезентативецот на Египет кој минатата сезона беше прв избор за голот на Еурофарм Пелистер, Карим Хендави го напушта тимот од Битола иако имаше договор до летото во 2022 година.

Хендави заминува откако Замалек го откупи неговиот договор и тој се враќа во својата земја после само полусезона на голот на актуелниот вицешампион на Македонија.

Како што е познато Хендави дојде во Битола после Светското првенство и беше големо засилување за клубот со оглед на тоа што со себе донесе големо искуство. Тој беше играч кој направи разлика на теренот, но после само неколку месеци дојде до договор да си замине.

Како што стои во информацијата од клубот, Замалек постапил професионално при откупувањето на договорот и трансферот е веќе комплетиран.