Ситуацијата не е розова во Кил – за следната сезона платите се намалени за половина!

Ретко каде низ Европа финансиската ситуација во ракометните клубови во време на коронавирусот е стабилна.

Исклучок не се ниту германските клубови, кои ќе бидат најпогодени ако сезоната стартува без публика. Најдобриот ракометар за 2019 година, Никлас Ландин, во интервју за данските медиуми, откри дека платите во Кил се намалени за половина за цела следна сезона!

„Нашите плати се намалени за 50% во цела следна сезона. Клубот е погоден, можеби најмногу од сите, бидејќи имаме многу приходи од влезници, а платите ни беа намалени и во последните четири месеци од минатата сезона. Тешка е ситуацијата, но мораше да ја прифатиме. Никој не е задоволен што ќе загуби половина од платата. Клубот размислува и за најцрно сценарио, ама јас верувам дека работите ќе станат подобри во текот на сезоната“, вели Ландин.

Пред неколку дена и Фуксе Берлин најави дека може воопшто и да не ја започне сезоната поради финансиските проблеми.