Сите тестови се негативни, Норвешка оди комплетна на Мундијалот

Репрезентацијата на Норвешка, која важи за еден од кандидатите за висок пласман на Светското првенство во Египет нема да има проблеми околу составот бидејќи ќе може да се смета на сите ракометари.

Откако целиот репрезентативен и стручен тим беа неколку дена во изолација, добија добри резултати. После направените тестови, сите беа негативни на Ковид 19 и нема да имаат проблеми да бидат комплетни на Мундијалот.

Норвежаните ги одработија првите тренинзи за престојното Светско првенство во Египет. Иако сите беа негативни на тестовите, сепак, пред натпреварите во Египет ќе бидат повторно тестирани.

Норвешка за противници во првата фаза ги има селекциите на Австрија, Франција и САД.