Сите опции се отворени за пелистерци, кој е можен ривал – Нексе, Савехоф или Магдебург?

Екипата на Еурофарм Пелистер, иако загуби од Татабања со 25-21, сепак ќе има шанси за второто место во групата Д од Лигата на Европа. Постои и црно сценарио за битолчани, кое никој не верува дека ќе се случи, а најважно е дека судбината е само во нивни раце и тие решаваат дали ќе завршат на второ место или ќе мора да ги чекаат потоа резултатите од другите средби од последното коло.

Според пропозициите на Европската ракометна федерација, првопласираните четири екипи од четирите групи продолжуваат понатаму. Вкрстувањето за осминафинале ќе биде по принципот 1-4, 2-3. Веќе е сигурно дека во групата Ц со која вкрстуваат екипите од Д, Магдебург е прв, Савехоф втор, додека Нексе сигурно трет. За четвртата позиција во оваа група се борат Ла Риоха и словенечки Горење Велење, но кој и да помине од нив не може да биде ривал на Еурофарм Пелистер.

Во последното коло Еурофарм Пелистер ќе игра дома со АЕК Атина, Кадетен ќе ја пречека Татабања, додека Спортинг ќе се соочи со Ним. Доколку биде второ место, македонскиот претствник во осминафиналето ќе биде гостин на првиот меч, а домаќин на реваншот, додека во другите два случаи – трето или четврто место, ќе биде обратно.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – НЕКСЕ

Еурофарм Пелистер ќе биде на второ место ако слави над АЕК Атина или ако одигра нерешно, дури и ако слават и Спортинг и Кадетен, бидејќи битолчани имаат подобар меѓусебен скор од двете екипи. Дури и пораз до три гола разлика ги остава битолчани на второто место, но во овој случај Спортинг и Кадетен мора да загубат.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – САВЕХОФ

Еурофарм Пелистер ќе биде на третото место ако доживее пораз до три гола разлика од АЕК Атина, но ќе мора еден од двата кокуренти, Спортинг или Кадетен да не забележи победа против Ним или Татабања.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МАГДЕБУРГ

Еурофарм Пелистер ќе биде на четвртото место ако доживее пораз до три гола разлика од АЕК Атина, бидејќи првиот заврши со 30-27 за битолчани, а притоа Спортинг и Кадетен ги совладаат Ним и Татабања.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР елиминација

Еурофарм Пелистер ќе биде на петтото место ако доживее пораз од АЕК Атина со повеќе од три гола разлика или со три гола разлика но со 31 или повеќе примени голови, а притоа Спортинг и Кадетен ги совладаат Ним и Татабања.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1НЕКСЕ1080216
2СПОРТИНГ1070314
3ГРАНОЛЕРС960312
4СКЕРН1050510
5АЛПЛА101274
6БАЛАТОНФУРЕДИ101183
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФУКСЕ БЕРЛИН10100020
2АРХУС1070314
3БИДАСОА ИРУН104159
4МОТОР103167
5АГУА САНТАС101274