Сите македонски зетови: Ех да можеа да играат за Македонија! (ФОТО)

Хрватскиот репрезентативец и некогашен играч на Вардар, Игор Карачиќ, во саботата и официјално стана македонски зет, откако ја побара Душица Андоновска за животна сопатничка.

Доколку „прочепкаме“ во приватниот живот на интернационалците што настапувале или настапуваат во македонските клубови, ќе најдеме многумина од нив што станале или се на добар пат да станат наши зетови.

Сигурно ќе пропуштиме некој од нив, но се надеваме дека нема да ни се налутат.

Еден од шеговитите коментари на објавата за Игор Карачиќ и Душица Андоновска на социјалните мрежи беше: Ако сите македонски зетови играа за нашата репрезентација, медал од големо натпреварување не ни бега(ше).

Илија Абутовиќ (оженет со Сања)

Кристијан Дисингер (во врска со Марија Андоновска)

Игор Карачиќ (ја побара за сопруга Душица Андоновска)

Реваз Чантурија (оженет со Билјана)

Александар Стојановиќ (оженет со екс голманката Семра Радончиќ)

Едуардо Гурбиндо (во врска со Елена Милева)

Домен Сикошек Пелко (во врска со Сара Симоноска)

Алексеј Растворцев (оженет со Радица)

Александар Гуглета (оженет со Жанета)