Симона Стојковска и Цвикау слават пласман во Бундес лигата

Тимот на Цвикау, каде што игра македонската репрезентативка Симона Стојковска, обезбеди место во Бундес лигата за следната сезона.

На дуел од 24 коло, Цвикау на гостински терен беше подобар од составот на Родертал со 18-29, а на полувремето имаше предност од пет гола, 10-15.

Стојковска беше меѓу најистакнатите поединки во Цвикау и успеа да постигне пет погодоци, а имаше и една асистенција и една украдена топка.

Цвикау на две кола до крајот на Втората Бундес лига е лидер на табелата со 43 бода, а директните конкуренти не можат да го симнат подолу од втората позиција, која исто така носи место ранг погоре.