Се сеќавате ли на дебито на Стоилов во СЕХА лигата? (ВИДЕО)

Се ближи деветтото издание на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига, кој ќе се одржи во Задар од 4 до 6 септември.

Вардар е многу блиску до пласман на уште една завршница, пред реваншот од четвртфиналето со Нексе во Скопје.

Медиа тимот на СЕХА лига се потсети на дебито на капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов во ова натпреварување, кое беше во сезоната 2011/12.

Оттогаш, девет сезони по ред, Стоилов го носи Вардар до сите завршни турнири…