Се сеќавате ли на Голуб Докниќ – како екс голманот на Вардар го мина цел терен и му даде гол на Металург (ВИДЕО)

Oткако почна да се практикува играта седум на шест, голманите можат да се пофалат со многу постигнати погодоци од својата половина на теренот, но порано чуварите на мрежата немаа таква улога и ретко можеа да ги погодат противничките мрежи.

Своевремено, член на Вардар беше голманот Голуб Докниќ, кој знаеше да мине на противничката половина и да погоди во голот на противникот.

Таков беше случајот и на полуфиналниот дуел од Купот на Македонија против Mеталург, одигран на 4 мај во 2007 година, кој Вардар го доби убедливо со 36-29.

Пред крајот на овој дуел и Докниќ се запиша во листата на стрелците, која ја предводеше Наумче Мојсовски со седум погодоци. Погледнете го погодокот на Докниќ…