Се разделија Владимир Глигоров и Вардар Неготино

Тимот на Вардар Неготино и тренерот Владимир Глигоров се разделија по крајот на есенскиот дел од сезоната во Суперлигата.

Договорот е прекинат спогодбено и двете страни продолжуваат по својот пат. Неготинци во пролетниот дел од сезоната ќе бркаат опстанок во елитното друштво со нов стратег.

Суперлигаш од Неготино кој дебитираше во Суперлигата, забележа една победа на 14 натпревари во регуларниот дел. Напролет со неколку засилувања, ќе може да бркаат подобри резултати со екипите што ќе играат во плеј-аут.

Глигоров ќе има нов предизвик во кариерата во која беше на клупата на Металург РА, Радовиш, Кометал Ѓорче Петров, селекциите на Либан, Саудиска Арабија и Сирија, а како селектор на женската репрезентација на Македонија стигна до осмото место на ЕП 2008 година.