Се радуваа Шишкарев и Кисељов – ЦСКА Москва е нов првак на Русија!

По долгата доминација на Чеховски Медведи во рускиот шампионат, конечно некој друг тим стана првак.

ЦСКА Москва каде што играат двајца екс вардарци, Данил Шишкарев и Дмитри Кисељов, во финалната серија со 2-0 во победи славеше против Пермски Медведи.

На вториот меч, ЦСКА Москва беше уште поубедлива и победи со 39-30, откако на полувреме беше 22-19.

Шишкарев запиша два гола, додека Кисељов стрелаше еднаш против „мечките“ од Перм.

Третото место во првенството го освоија Чеховски Медведи, кои со 2-0 во серијата беа подобри од Ставропол.