Се пееше и се играше – се ожени Ласко Андоновски (ФОТО)

Капитенот на екипата на Пролет, Ласко Андоновски, денеска му стави крај на ергенскиот живот.

Средниот бек од Ресен со свадбена веселба го одбележа стапувањето во брак со неговата избраничка Симона Ќоропановска.

На свадбата присуствуваа голем број соиграчи и дел од раководството на Пролет, клубот каде што долги години игра Андоновски.

Директорот на Пролет – Сашо Огњеновски, потоа Доне Мајнов, Михаил Аларов, Андреј Петковски, Давор Палевски, Иван Џонов, Мартин Димов… и уште многу други беа присутни на веселбата на Андоновски.