Се откажаа од настап среде Светско првенство

Селекцијата на Австрија се откажа од учество на Светското првенство за младинки што се одржува во Словенија.

Поради неколку позитивни случаи на коронавирус во стручниот штаб, репрезентација не можеше да смета на официјални лица за натпреварите, па побара да не продолжи со натпреварувањето.

ИХФ одговори позитивно на барањето на Австрија и сите натпревари на оваа репрезентација до крајот на Мундијалот ќе бидат регистрирани со службени порази од 10-0.

Австрија требаше да игра во Президент Купот, па нејзиното откажување нема да има влијание на четвртфиналните средби на СП.