Се огласија од Кил: Почнавме преговори со Де Варгас!

Германскиот шампион Кил ќе има сосема нов изглед следната сезона, во поглед на играчкиот кадар.

Заминуваат главните ѕвезди – Сандер Сагосен, Никлас Ландин, Миха Зарабец…а Кил иако го има договорено трансферот на Венсан Жерар, веќе бара врвно име како замена за данскиот голман.

Од „зебрите“ потврдија дека го посакуваат голманот на Барселона, Гонзало Перес Де Варгас, кој е врзан со договор со каталонскиот гигант до 2025 година.

„Врвните ракометари секогаш се интересни за нас, а ние подготвени сме за преговори. Во контакт сме со Гонзало Перес Де Варгас. Проблем е што тој има договор до 2025 година, но на почетокот на преговори сме. Секогаш има место за оптимизам, но ќе видиме што ќе донесе иднината“, изјави Виктор Силаги, спортскиот директор на германскиот првак.

Покрај Жерар, кој потпиша договор на една сезона, во голманското дуо ќе биде и чешкиот чувар на мрежата Томаш Мрква, кој исто така има договор до 2024 година.