Се избира женска кадетска селекција за настапот на ЕХФ шампионатот во Литванија (ФОТО)

Во следните два дена во СЦ „Јане Сандански“ ќе има изборни тренинзи на 44 ракометарки во кадетска конкуренција, кои ќе конкурираат за настап на ЕХФ шампионатот во Литванија во август.

На тренинзите се присутни тренери од неколку клубови кои работат со младинските категории – Анжела Платон, Силвана Карбеска, Александра Здравевска, Мери Арсениевска, Марија Папуџиева, Александра Џамтоска, Владимир Паноски…кои ќе можат да дадат свои мислења за квалитетите на младите ракометарки.

Претседателот на македонската куќа на ракометот, Живко Мукаетов, генералниот секретар Филип Милошевски и директорот на националните тимови Левче Китевски беа присутни на вечерниот тренинг и им ја дадоа својата поддршка на младите девојки.

Кадетската селекција од 7 до 15 август ќе биде во група А на ЕХФ шампионатот во литванската Клаипеда со Шпанија, домаќинот Литванија, Финска, Косово и Велика Британија.