Се зголемува бројката – седми позитивен случај на коронавирус во Рајн Некар!

По Мадс Менса Ларсен, Јаник Колбахер, Гедеон Гвардиола, Михаел Апелгрин, Патрик Грецки, како и тренерот Мартин Швалб, се појави уште еден позитивен случај на коронавирус во Рајн Некар Левен.

Станува збор за шведскиот репрезентативец Јеспер Нилсен, кој се наоѓа во домашен карантин.

„Имав главоболки и болки во мускулите, но потоа се чувствував добро. Како и да е, да бидеш дома е многу досадно. Едвај го чекам денот повторно да излезам надвор“, вели Нилсен.

Покрај овие седум случаи во Рајн Некар, во Бундес лигата има уште еден позитивен на коронавирус, а тоа е тренерот на Фуксе Берлин, Михаел Рот.