Се запалил автобус со млади ракометари во Шпанија!

Околу 30 ракометари на возраст од 13 до 16 години во Шпанија, кои патувале со автобус од Аликанте до Валенсија имаа сообраќајна несреќа.

Ракометарите тргнале на пат кон Валенсија за одигрување на неколку пријателски натпревари.

Во нивниот пат кон Валенсија, во автобусот со кој се возеле започнал пожар во системот за кочење, а за неколку секунди пламенот започнал да се проширува низ целиот автобус предизвикувајќи и неколку експлозии.

Шпанските медиуми тврдат дека уште во првите моменти на пожарот сите ракометари успеале на време да излезат од автобусот.

Спасувачките екипи брзо го изгаснале пожарот, а ракометарите со нов автобус успешно пристигнале во Валенсија.