Се е полесно кога го имате Лазаров во тимот (ВИДЕО)

Ракометарите на Нант одиграа одличен натпревар во првиот дуел од четврт-финалето во Лигата на шампионите против Веспрем и победија со 32:28. Францускиот претставник можеше да слави и поубедлииво, но во финишот гостите го ублажија поразот.

Кире Лазаров имаше голем придонес во оваа победа, освен асистенции кон своите соиграчи тој иста така и погодуваше во негов стил. Во првиот дел кога Нант ја создаваше предноста Лазаров погоди од девет метри со прекрасен шут, а дури и неверојатниот Коралес беше немоќен. Погледнете…