Се бара наследник на Кокшаров – Душебаев, Биглер, Ортега, Торгованов…

По слабиот настап на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, машката репрезентација на Русија остана без селекторот Едуард Кокшаров, кој си поднесе оставка.

Руската ракометна федерација на состанокот на Извршниот Одбор што ќе се одржи на 6 февруари, ќе ја донесе конечната одлука за новиот предводник на „зборнаја“, кој ќе има работа веќе во април за првиот бараж за СП против Турција.

Добро информираниот портал „Брз Центар“ пренесува информација дека листата на можни наследници на Кокшаров е долга, а на неа се наоѓаат имиња од типот на Талант Душебаев, Антонио Карлос Ортега, Дмитри Торгованов, Михаел Биглер, Лев Вороњин…