СЕХА Ф4 по деветти пат: Старите ривали одново во трка за пехарот

Екипите кои во последните неколку години покажаа најмногу во СЕХА лигата и на 9. Фајнл-фор турнир се во главна улога. Вардар, Загреб, Веспрем и Мешков Брест се учесници на несекојднениот турнир на кој поради протоколите предизвикани од пандемијата со коронавирусот мора да се игра пред ограничен број на публика.

Први на терен денеска излагаат Веспрем и Мешков Брест. Добрите познаници кои се сретнаа во финалето во 2015 година сега се во трка за пласман во финалниот дуел. Нивната средба се игра од 18 часот, а и двата тима најавуваат пласман во натпреварот за трофејот.

Практично тие беа дел од единственото финале во кое не играше Вардар. Инаку, за Веспрем ова е четврто учество на завршниот турнир, a досега има освоено две титули. Мешков Брест, пак, го има осмото учество и тоа во серија, па ова е третиот тим во СЕХА според бројот на Ф4 завршници.

Второто полуфинале кое секако е многу поинтересно за нас ќе биде меѓу Вардар и ППД Загреб. Тоа се добро познати ривали кои се единствени што играле на сите завршни турнири во СЕХА. Ќе имаат интересен двобој кој почнува од 20:30 часот и дефинитивно ова ќе биде ден на две убави средби.

Натпреварите за пласман се играат в недела.

РАСПОРЕД И ТЕРМИНИ НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПЕТОК, 4 СЕПТЕМВРИ

18:00ч

ВЕСПРЕМ – МЕШКОВ БРЕСТ

20:30ч

ВАРДАР – ЗАГРЕБ

НЕДЕЛА, 6 СЕПТЕМВРИ

18:00ч

НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО

20:30ч

ФИНАЛЕ