СЕХА сторија за „Чкембари“ и Битола: Град во кој сите навивачи го знаат ракометот

За Битола, ракометот е се. Тоа е религија, пасија, живот, спорт по кој многумина го препознаат градот„, вака се опишани навивачите на битолскиот клуб од страна СЕХА-Газпром лигата во нивната приказна за Еурофарм Пелистер.

„Ги има не само на натпреварите туку и на тренинзите. Ги знаат сите акции, знаат да признаат кога некој е подобар, но секако и да бидат критични кон своите играчи. „Чкембарите“ се неизоставен дел од Пелистер, од Битола.
За Битола, ракометот е се. Тоа е религија, пасија, живот, спорт по кој многумина го препознаат градот„, вака се опишани навивачите на битолскиот клуб од страна СЕХА-Газпром лигата во нивната приказна за Еурофарм Пелистер.

Кој играл во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ја знае магијата на ракометната топка, на оние што се на трибините, на навивачите кои ве поздравуваат и бодрат додека се шетате низ градот или го пиете своето утринско или пладневно кафе. На нивните досетливи пароли, песни и посветеност, барем кога е Пелистер во прашање, се вели во текстот објавен на официјалната страна на СЕХА -Газпром лигата.

И покрај тешките времиња во минатото, Чкембарите ниту еднаш не се откажаа од клубот, и кога му беше најтешко и кога преживуваше, тие секогаш беа „осмиот играч“.

Никогаш не му го свртеа грбот на својот миленик. Беа дел и од управата, помагаа тој да опстои, зошто љубовта кон клубот е поголема од се друго. Навивачите имаа и претседател кој го водеше клубот, и се со цел тој да живее, да опстои и да се врати на старите и славни патеки, се вели во текстот на СЕХА-ГАзпром лига.