СЕХА лига нема да започне ниту во ноември!

Новото издание на регионалната СЕХА лига нема да започне ниту овој месец, иако беше најавено дека ќе стартува по ЕХФ неделата. Најпрво беше најавено дека ќе стартува со 12 екипи кон крајот на септември, потоа бројката беше намалена на десет и стартот најавен за почетокот на октомври, а се појави информација и дека само осум екипи ќе играат во новата сезона.

Од канцеларијата на СЕХА лига во Загреб се уште нема конкретни информации за системот на натпреварување и стартот, а и клубовите учесници добиваат само половични најави. Со оглед на тоа што европските купови ќе траат до средината на декември, а потоа во втората половина би требало да се играат заостанатите натпревари од ЛШ и ЛЕ, тоа значи дека за СЕХА нема да има термини до крајот на годинава.

Остануваат термините напролет, но календарот е набиен, и најверојатното решение е дека СЕХА или ќе се игра турнирски или ќе се игра само на елиминации, со тоа што најдобрите би биле привилегирани. Македонски претставници оваа сезона во СЕХА се Вардар и Еурофарм Пелистер.

Последен шампион е тимот на Веспрем, кој во финалето во Задар беше поуспешен од Вардар.