СЕХА-лига: Комплетирани четврт-финалните двојки, Мешков Брест ја комплетираше осумката

Последниот дуел за четврт-финалето кој беше формиран вчера дојде со пласманот на Мешков Брест меѓу најдобрите осум селекции во СЕХА лигата. Тимот од Белорусија успеа да се избори за место во првата осумка откако во два дена двапати го совлада тимот на Пекинг Универзитет, па во следната рунда игра против Мотор Запорожје.

Другите три двојки за четврт-финалето се знаеја од претходно и за нив веќе има и термини за играње.

Она што е најважно секако е пресметката меѓу Вардар и Нексе. Ракометарите на Вардар ќе гостуваат во Нашице на 8 март, а потоа на 15 март тимот на Нексе доаѓа во Скопје.,

Победникот од дуелот меѓу Вардар и Нексе во полуфиналето на 3 април во Задар оди на пресметка со подобриот од двобојот меѓу Татран Прешов и ППД Загреб.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

НЕКСЕ – ВАРДАР

ТАТРАН ПРЕШОВ – ППД ЗАГРЕБ

ВОЈВОДИНА – ВЕСПРЕМ

МЕШКОВ БРЕСТ – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ