СЕХА-лигата доби нов термин, стартува за две недели

Екипите кои сезонава ќе се натпреваруваат во СЕХА-лигата веќе можат да се подготвуваат за стартот. Според информациите тоа ќе се случи за две недели така што новиот термин за почеток е од 23 до 25 септември.

Во овие три дена би требало да одиграат првите натпревари од новата сезона. Наскоро ќе се знае и комплетниот календар за одигрување на средбите така што ќе биде и познато кога ќе може да се очекуваат натпреварите на тимовите од Македонија.

Како што е познато и годинава Македонија има два свои претставници во натпреварувањето. На терен ќе бидат Вардар и Еурофарм Пелистер кои би требало да бидат меѓу кандидатите за пласман на Ф4 турнирот.

Остануваат уште неколку детали пред да стартуваат средбите така што ова ќе биде нова напорна сезона и на планот на СЕХА во времена пандемија со коронавирусот.