Сери успешно опериран, се враќа следната сезона!

368

Ракометарот од Франција во редовите на Еурофарм Пелистер, Руди Сери, кој на почетокот на оваа сезона пристигна во редовите на битолскиот тим и во натпревар од Супер Купот против Вардар заработи повреда, денес беше успешно опериран во Франција.

Според најавите од Еурофарм Пелистер, неговиот камбек на терените ќе биде во следната сезона, односно пред подготвителниот период за сезона 2023/24.

,,Французинот кој ги скина лигаментите на левото колено, на натпреварот со Вардар од СУПЕРКУПОТ е успешно опериран во Франција. Негово враќање се очекува на почетокот од припремите за следната сезона”, објави Еурофарм Пелистер.

Македонскиот вицепрвак за натпреварите од плеј-оф фазата на левата бековска позиција на располагање ги има Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси, како и младите Емилијан Ѓоргоски и Павле Атанасијевиќ.