СЕНЗАЦИЈА: Цинцадзе блескаше, Грузија слави историски пласман на ЕП!

По комплетирањето на натпреварите од шестото коло во квалификациите за Европското првенство во Германија, познати се уште последните осум патници на континенталниот собир.

Најголемата сензација ја приреди селекцијата на Грузија, која триумфираше на на гостински терен кај веќе пласираната Унгарија со 31-30.

Големи заслуги за победата вредна ЕП имаше голманот на Охрид, Зураб Цинцадзе со 14 одбрани.

Хазеин Рустамов постигна еден погодок, некогашниот лев бек на Прилеп и Еуорфарм Пелистер, Теимураз Орјоникидзе даде шест, додека екс членот на Металург – Иракли Кбилашвили постигна четири гола.

Kaко најдобри четири третопласирани селекции во групите на ЕП ќе играат Грција, Грузија, Црна Гора и Фарски Острови.

Квалификации за ЕП 2024:

група 1
Португалија – Луксембург 36-18
Македонија – Турција 30-27

група 2
Норвешка – Финска 32-23
Србија – Словачка 37-26

група 3
Исланд – Естонија 30-23
Чешка – Израел 27-24

група 4
Австрија – Фарски Острови 38-33
Украина – Романија 31-26

група 5
Хрватска – Белгија 34-29
Холандија – Грција 32-26

група 6
Унгарија – Грузија 30-31
Швајцарија – Литванија 27-20

група 7
Словенија – Косово 33-28
Црна Гора – Босна и Херцеговина 23-25

група 8
Франција – Италија 41-27
Полска – Летонија 31-14