СЕНЗАЦИЈА на Вецлар и Миркуловски – го срушија моќниот Кил!

Тимот на Вецлар каде што настапува македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски забележа сензационална победа во Бундес лигата.

Пред налетите на Вецлар падна големиот Кил, кој си замина со пораз од два гола разлика, 29-27, а сензацијата беше најавена уште по првиот дел, кога беше 12-9.

Миркуловски беше во ростерот на овој натпревар, но не доби шанса да настапи против силните „зебри“ и повеќе беше активен како дел од стручниот штаб.

Најдобар стрелец кај побендикот беа Чавор, Новак и Нојфал со по четири погодоци, додека за Кил премалку беа осумте гола на Сагосен.