СЕНЗАЦИЈА над сензациите – НЕКА му откина бод на големиот Веспрем!

Meѓу двата натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите против ПИК Сегед, ракометарите на Веспрем одиграа натпревар од домашното првенство што сензационално заврши реми, 29-29.

Иако Веспрем беше со најдобриот ростер на гостувањето, на крајот мораше да се задоволи само со бод. Веројатно по онаа одлична партија во ЛШ против Сегед, ракометарите на Момир Илиќ го потценија ривалот.

По првиот дел, домаќинот НЕКА, кој во составот има млади унгарски ракометари, водеше со два гола разлика, 15-13. Во второто полувреме Веспрем направи пресврт поведе, имаше и напад за победа, но не беше реализиран и мечот сензационално заврши реми.

За разлика од мечот во ЛШ пред три дена, денеска ништо не им одеше од рака на ѕвездите од Веспрем. Најдобри стрелци во овој тим беа Илиќ со седум и Штрлек со пет погодоци.

На табелата прв е ПИК Сегед со 38 бода, додека Веспрем е втор со бод помалку, а овие екипи се сигурни на првите две позиции кои водат во финалето на плеј-офот.