СЕНЗАЦИЈА: Русија ќе има нов првак по 22 сезони, ЦСКА Москва ги среди „мечките“ од Чехов!

Тимот на ЦСКА Москва се пласираше во финалето на плеј-офот од рускиот шампионат, откако направи сензација и го елиминираше актуелниот првак Чеховски Медведи.

ЦСКА Москва по триумфот на првиот меч против „мечките“ од Чехов со 29-27, славеше и на реваншот со 29-26.

Меѓу најзаслужните за вториот триумф е поранешниот член на Вардар и Чеховски Медведи, Данил Шишкарев со шест погодоци.

Во втората полуфиналната двојка, Пермски Медведи со победа и реми против Виктор Ставропол на Сергеј Горбок, обезбеди место во финалето.

Ова е првпат по 2001 година, Чеховски Медведи да не е шампион на Русија.