Сензација во Нашице – Нексе падна пред Алпла, уште две слободни места за ТОП 16!

Денес се одиграа натпреварите од 9. коло од Лига на Европа каде најголемо изненадување направија Алпла Хард и украинскиот шампион Мотор Запорожје.

Тимот на Нексе токму од Алпла Хард, екипа која ги елиминираше Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје во квалификациските натпревари, го доживеа вториот пораз, на свој терен беше поразен со 29:22. Претставникот од Австрија во последното коло против Грањолерс ќе атакува на втора европска победа, со цел да го избегне последното место во својата група.

Освен Нексе, од групата Ц место во осминафиналето обезбедија и екипите на Спортинг, Грањолерс и Скјерн.

Хрватскиот вицепрвак во последното коло за ривал го има Спортинг и исходот од овој дуел ќе одлучи која од двете екипи ке заврши на првата позиција во групата Ц.

Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Мотор Запорожје во рамки од последното коло ќе го даде последниот патник во осминафиналето од групата Д. Од оваа група пласман во осминафиналето изборија екипите на Фуксе Берлин, Архус и Бидасоа Ирун.

Првопласираниот тим од групата Б и второпласираниот, шведскиот Иштад веќе обезбедија пласман меѓу најдобрите 16 екипи, како и тимот од Исланд, Валур. За преостанатите две места ќе се борат Ференцварош и Екс Ан Прованс.

На првиот одигран натпревар меѓу двете екипи победи екипата на Екс ан Прованс со 33:30, додека на реваншот Ференцварош возврати со иста мера, триумфираше со 28:25, па така доколку во последното коло клубот од Унгарија биде поразен од Фленсбург, а Екс ан Прованс го победи Бенидорм, тогаш гол разликата ќе решава за последниот патник во осминафиналето.

Од групата А, во осминафиналето се пласираа екипите на Гепинген, Монпелје, Кадетен и Бенфика, додека словачкиот шампион Татран Прешов и вториот тим на Веспрем, кој имаше дебитански настап на европска сцена, следната недела ќе ги одиграат последните натпревари во второто по квалитет европско натпреварување.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 9. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

БЕНФИКА – КАДЕТЕН 27:28 (13:13)

ТАТРАН – ГЕПИНГЕН 26:28 (10:13)

МОНПЕЛЈЕ – ВЕСПРЕМ ККФТ 34:30 (19:16)

ГРУПА Б

ФЛЕНСБУРГ – ИШТАД 30:23 (12:13)

БЕНИДОРМ – ФТЦ 23:27 (9:14)

ВАЛУР – ЕКС АН ПРОВАНС 40:31 (19:16)

ГРУПА Ц

БАЛАТОНФУРЕДИ – СПОРТИНГ 25:31 (13:16)

ГРАЊОЛЕРС – СКЈЕРН 34:31 (15:15)

НЕКСЕ – АЛПЛА 22:29 (12:14)

ГРУПА Д

МОТОР – БИДАСОА 33:31 (16:16)

ФУКСЕ БЕРЛИН – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 34:25 (18:12)

АРХУС – АГУАШ САНТАШ 33:26 (16:11)

Мотор остана „жив“, доаѓа во Битола на „се или ништо“!