Сензација во Германија – Фленсбург елиминиран од Купот!

Еден од главните фаворити за освојување на Бундес лигата и Купот на Германија, екипата на Фленсбург беше елиминирана во 1/16 финалето од Купот откако загуби на гостувањето кај Ерланген со 29:26.

Фленсбург добро започна, но во продолжение ништо не им одеше. Во финишот на првиот дел Ерланген успеа да стигне до највисоките 16:12. Оваа предност аутсајдерот на овој дуел ја сочува до крај за сензационална победа и пласман во осминафиналето.

Македонските интернационалци кои настапуваат во Германија обезбедија пласман во следната фаза од Купот. Филип Миркуловски со Вецлар го совладаа нагости тимот на Ајзенах со 25:29 иако губеа на полувреме 14:13.

Од претходно Филип Кузмановски со Хановер и Жарко Пешевски со Штутгарт си обезбедија место во осминафиналето од Купот на Германија.