СЕНЗАЦИЈА: Астраханочка ги сруши Кокшаров и Ростов Дон!

Екипата на Астраханочка го направи најголемото изненадување во 20. коло од рускиот шампионат, откако на гостински терен го совлада Ростов Дон со 33:32.

Двете екипи во најголемиот дел од дуелот наизменично се менуваа во водство. По 30 минути игра, резултатот беше 17:16 за домашниот тим.

Астраханочка во последниот период направи голем исчекор. Откако беше 23:23, следуваше серија од 3:0 на гостинската екипа, која се одлепи на 26:23 и до финишот резултатски беше во предност.

Ростов Дон, кој на клупата е предводен од некогашниот тренер и спортски директор на Вардар, односно екс тренер на ЖРК Вардар, Едуард Кокшаров, немаше сили за да дојде до барем бод.

Незапирлива во екипата на Астраханочка беше Полина Шаркова со 15 гола од 17 обиди. Кај Ростов Дон се истакнаа Екатерина Зеленкова со осум и Ана Сен со пет погодоци.

Тимот од Атрахан со новата победа дојде до 31 бод, додека второпласираниот Ростов Дон на свое конто има бод повеќе (32). Актуелен лидер во рускиот шампионат е ЦСКА Москва, во која настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, со 40 бода.