Сензационален триумф на Битигхајм во Унгарија, Ростов не дозволи изненадување против Есбјерг

Во рамки на 7. коло од Лигата на шампиони за жени беа одиграни три натпревари во кои Битигхајм направи изненадување кај Ференцварош, додека очекувани победи забележаа Ростов на свој терен и ЧСМ Букурешт на гостувањето кај Крим.

Германките добро започнаа и најавија добар резултат, Ференцварош успеа да возврати, но тоа не траеше долго. Завршницата на првиот дел им припадна на гостинките кои заминаа на одмор со предност 11:14. Во вториот дел доминираше Битигхајм и стигна до голема и убедлива победа 35:24.

Ростов триумфираше на Есбјерг со 28:24 откако го скрши отпорот на противникот во вториот дел. По 30 минути игра беше 15:13 за домашниот тим, сепак Русинките не дозволија изненадување и стигнаа до планираниот триумф. Мангарова со седум гола го предводеше Ростов, додека Јакобсен за Есбјерг беше најефикасна со осум гола.

Крим не успеа да оствари нова победа и да направи изненадување против фаворитот ЧСМ Букурешт. Романките продолжувааат со добрите игри и забележаа победа во Словенија со 25:23, а на полувреме водеа со 12:11. Крим успеа да се врати од минус пет и дури да поведе, но немаше сили за конечен триумф.