„Секоја чест на Хрватите, српските тренери застанаа во времето и просторот“

Петар Ненадиќ го пропушти Европското првенство на кое Србија повторно имаше разочарувачки настап и заврши без бодови во групата со Хрватска, Црна Гора и Белорусија.

Најдобриот играч според изборот на ЕХФ за 2019 година познато е дека не беше во добри односи со претходниот селектор на Србија, Јовица Цветковиќ и е надвор од репрезентацијата. Се чини дека така и ќе остане се додека селектор не биде странец кој е според неговите критериуми достоен да го води националниот тим на Србија.

„Странец е единственото решение за Србија, нема друг избор бидејќи 95 проценти од српските тренери се застанати во времето и просторот. Било кој странец ќе донесе подобрување, тие се интересираат прашуваат за играчите, додека нашите не ги интересира баш тоа. Дали заради егото или мислат дека се најпаметни не знам. Загрижувачки е што нашите играчи не сакаат да играат за репрезентацијата Секоја чест на Хрватите, им даваат шанса на младите играчи во репрезентациајта и работат на вистински начин“, рече Ненадиќ.

Најзвучно име кое се споменуваше како наследник на Ненад Перуничиќ на кормилото на Србија беше Давид Дејвис. Сепак сè уште селекторската позиција на националниот тим Србија е празна.