Секељ: Фантазија е да се игра пред „Чкембари“

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа АЕК Атина со убедливи 30-19 и се пласираа во осминафиналето од Лигата на Европа.

Херојот на натпреварот, голманот Мартон Секељ, вели дека прекрасно е чувството да се игра пред битолските навивачи.

„Првото полувреме беше тешко и малку нервозно, но знаевме дека не чека ваков натпревар. Подготвени бевме за нивната одбрана и во второто полувреме го покажавме вистинското лице. Честитки за „Чкембарите“ и за атмосферата која ја направија, беше фантазија и уживање да се игра во ваква прекрасна атмосфера“, изјави Секељ.

Следен предизвик за битолчани ќе бидат натпреварите од македонскиот плеј-оф, бидејќи СЕХА лигата е прекината.