Седлоска ќе игра финале со Локомотива во Европскиот куп

Позитивните случаи на Ковид 19 во тимот на Јаликавак го оставија овој тим без можност да се бори за пласман во финалето од Европскиот куп, па составот на Локомотива за кој игра Андреа Седлоска без борба се пласираше во натпреварите за трофејот.

Правилникот на ЕХФ за ваквите случаи кога има позитивни случи со Ковид 19 е јасен, а со голед на тоа што девојките од Јаликавак не можат да излезат од карантин пред 4 април, кога е последниот термин за комплетирање на полуфиналните средби дојде до службено промовирање на Локомотива во финалист.

Екипата на Локомотива од Загреб практично сезонава немаше ниту едно гостување. Почна од 3. рунда против Местрино од Италија и двапати победи со 30:14 и 35:18.

Во следното коло ривалот исто така беше од Италија, а стануваше збор за Јоми Салерно против кого имаше победи од 33:22 и 34:18. Славија Прага беше противникот во четврт-финалето, а и на овие дуели играни во февруари во Загреб беа забележани две победи и тоа со 30:25 и 31:27.

Со овие шест победи и новите две службени од по 10:0 тимот на Локомотива дојде до финалето и таму ќе го чека подобриот од двобојот меѓу Атлетико Гуардес и Ринкон Малага. Првиот натпревар го доби составот од Малага со 23:18, а останува да се одигра и реваншот следниот викенд.