Седлоска и Локомотива ќе се борат за трофеј во Купот на Хрватска

Тимот на Локомотива Загреб, каде што игра македонската интернационалка Андреа Седлоска, обезбеди место на завршниот турнир во Купот на Хрватска.

Локомотива немаше проблеми на четвртфиналниот дуел со Бјеловар и славеше со убедливи 37-22.

Седлоска еднаш се запиша во листата на стрелците на овој натпревар, а заработи и едно исклучување.

Покрај Локомотива Загреб, на завршниот турнир во Купот на Хрватска ќе играат уште и Подравка, Далматинка, како и победникот од дуелот меѓу Дуго Село и Кока.