Светскиот првак со очекуван старт, Црногорците им беа лесна задача

Репрезентацијата на Данска дојде до триумф од 30:21 против составот на Црна Гора и на најдобар можен начин влезе во Европското првенство на кое одново е меѓу кандидатите за медал.

Данците решија сè во првото полувреме кога обезбедија предност од осум гола. Имаа отпор од противникот во првите десет минути, а потоа при резултат 4:4 дојдоа до серија од 4:0 и влегоа во период во кој постојано ја зголемуваа предноста.

Сосема очекувано имаа висока позитива на крајот од првиот дел и на одмор заминаа со 18:10 што најавија победа, па Данците можеа мирно да продолжат во натпреварот.

Вториот дел беше формалност. Хансен кој во првото полувреме постигна осум гола во вториот дел не мораше да форсира и додаде уште три погодоци така што без проблеми го заврши овој период од средбата и стигна до десет гола. Данците имаа контрола, па на крајот имаа победа од 30:21 со што се лидери после првото коло во Групата А со два поени.

В сабота следува дербито за првото место во групата во кое селекцијата на Данска игра против Словенија од 20:30 часот. Претходно од 18 часот, Македонија ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Црна Гора.

13 јануари 2022
30 - 21
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
13 јануари 2022 22:11 EURO22 A 2021/2022 13.01.2022 60'

Место

„ФЕНИКС ЧАРНОК“ ДЕБРЕЦЕН

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ДАНСКА1830Победа
ЦРНА ГОРА1021Пораз

ДАНСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никлас Ландинголман00
4Магнус Ландинлево крило01
7Емил Јакобсенлево крило02
11Расмус Лауге Шмитцентрален бек03
15Магнус Саугструп Јенсенпивот03
17Ласе Свандесно крило03
20Кевин Мелерголман00
21Хенрик Мелгард Јенсенцентрален бек20
22Мадс Менсах Ларсенлев бек11
23Хенрик Тофт Хансенпивот10
24Микел Хансенлев бек010
26Јохан Хансендесно крило00
28Ласе Андерсонлев бек00
32Јакоб Холмлев бек01
33Матијас Гидселдесен бек05
34Симон Халд Јенсенпивот01
 Вкупно 430

ЦРНА ГОРА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никола Матовиќголман00
2Филип Вујовиќлево крило00
8Вук Лазовиќпивот10
9Радојица Чепиќцентрален бек12
11Бранко Вујовиќдесен бек07
12Миле Мијушковиќголман00
13Мирко Радовиќдесен бек14
14Милош Вујовиќлево крило23
16Небојша Симиќголман00
17Василије Калуѓеровиќлев бек01
21Васко Шеваљевиќлев бек00
23Божидар Симиќцентрален бек00
25Марко Ласицадесно крило00
26Ристо Вујачиќдесен бек01
32Божо Анѓелиќцентрален бек01
90Немања Грбовиќпивот02
 Вкупно 521

ЕП 2022 – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФРАНЦИЈА32105
2ГЕРМАНИЈА32014
3МАКЕДОНИЈА31022
4ШВАЈЦАРИЈА30121