Egypt vs Spain, 2023 IHF MEN’S JUNIOR (U19) WORLD CHAMPIONSHIP, Koprivnica, Croatia, 08.08.2023, Mandatory Credit © IHF / HRS / kolektiff

Германија загуби од Шпанија и нема да се бори за медал на СП

Репрезентацијата на Германија нема да се бори за медал на Светското кадетско првенство во Хрватска, откако во четвртфиналниот дуел со Шпанија немаше доволно сили и претрпе пораз со четири гола разлика, 32:28.

Германија, која на Светското кадетско првенство во Македонија (2019) го освои среброто, ќе мора да се задоволи со најмалку петто место, додека Шпанија ќе се обиде да стигне до финале и конечно да го освои златото на кадетските Мундијали.

Шпанија во 2011 и 2017 играше финале против Данска и Франција, но немаше многу среќа во борбата за светски кадетски шампион.

Кадетите на Шпанија во полуфиналето ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Хрватска и Норвешка.

Египет по победата над Фарски Острови од 38:34 си обезбеди место меѓу најдобрите четири светски репрезентации.

Ривал на Египет во полуфиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу Португалија и Данска.

Бранителот на трофејот од Македонија преку Фарски Острови до полуфинале на СП