Светот добива нов бренд: Бока Јуниорс влегува во ракометот

Аргентина е земја која во последните години бележи голем напредок, а тоа се одразува секако и на светската ракометна карта. Оваа земја има обезбедено директно учество на Олимписките игри во Токио, а воедно постојано е присутна и на големите натпреварувања.

Сепак, на клупски план нема многу позначајни резултати така што играчите се селат во Европа. За таа цел и напредување и во овој дел ќе се погрижи тимот на Бока Јуниорс, кој одлучи да влезе во светот на ракометот.

Фудбалскиот тим планира да се прошири и според информациите кои се објавуваат од страна на новинарите во оваа земја веќе е почнат процесот во кој Боја Јуниорс треба да се спои со локалниот тим на Гвадалупе.

Состаноците се поминати, договорот е паднат, но неизвесно е дели Бока Јуниорс ќе се појави на ракометната карта сега или ќе мора да се почека за 2021 година. Причината е во правилникот на Аргентина за регистрација и доколку не се стигне навреме да се заврши фузијата ќе мора да се почека за следната година.

Инаку, Гвадалупе има две свои екипи кои играат во 3. и во 4. лига на Аргентина.