Сара Ристовска и ЦСКА Москва почнаа со контроли и со победа

Составот на ЦСКА Москва оствари победа против Кубан Краснодар на првиот контролен натпревар со резултат 16:14.

Новиот тренер на екипата од Москва, Флорентин Пера на располагање имаше само неколку ракометарки од сениорскиот тим бидејќи поголемиот дел од ракометарките на ЦСКА Москва ќе учествуваат на Олимписките игри во Токио со репрезентацијата на Русија.

Со комбиниран состав, ЦСКА Москва немаше поголеми проблеми во остварувањето на победата.

Најефикасна во победничката екипа беше Јулија Маркова со пет гола, три постигна новото засилувања, Ана Грос, додека репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска беше стрелец на два гола.

До 31 јули, екипата на ЦСКА Москва ќе тренира во областа Абрау-Диурсо, а потоа се предвидени силни контролни натпревари.