Сара Божинова останува во Ѓорче Петров

Екипата на Ѓорче Петров одлучи договорот да го продолжи и со Сара Божинова, ракометарка која остави добар впечаток во изминатата сезона.

Со останувањето на Божинова, екипата предводена од Оливер Димитриоски ги има комплетирано сите позиции и во новата сезона ќе атакува на место меѓу најдобрите пет екипи во Женската лига.

„Решив да го продолжам договорот со Ѓорче Петров бидејќи ми се допадна идејата и понудата од клубот. За новата сезона, секако, очекувам висок пласман на табелата и со самото тоа и излез на европска сцена“, изјави Божинова за 24 Ракомет.

Покрај Сара Божинова, во екипата од изминатиот состав остануваат и Ива и Ања Велкова, Ангела Цветановска, Ива Петровска, Ивана Антевска, Вероника Домазетоска и Анастасија Трпеска.

Амбициозната екипа на Ѓорче Петров првите контролни натпревари ќе ги одигра на меѓународниот ракометен турнир „Ѓорче Куп 2021“ кој ќе се одржи во периодот од 19 до 21 август.