САМИ СВОИ МАЈСТОРИ: Данските ракометари си ги дизајнираа дресовите (ФОТО)

Селекцијата на Данска одигра две пријателски средби со Саудиска Арабија пред настапот на Светското првенство.

Избраниците на Николај Јакобсен на овие натпревари настапија во специјални дресови, кои ги дизајнираа Симон Халдн, Кевин Мелер и Јохан Хансен.

„Јас сум задоволен од дизајнот на нашите дресови. Да, тој се разликува многу од претходниот, но токму во тоа е поентата“, кажа Халд.

Уникатните дресови ќе се продаваат на аукција на специјален сајт, а сите собрани средства од оваа хуманитарна акција ќе бидат наменети за помош на деца од 15 сиромашни земји.

Данска ќе ја брани титулата светски првак во Полска и Шведска, а во прелиминарната фаза ќе игра со Бахреин, Тунис и Белгија.